Назад кон морски плодови
Октопод
Латински назив: Octopus vulgaris

Октоподот содржи голема количина на витамин Б, калиум и селен. Одличен извор на таурин, аминокиселина која помага да се намали нивото на холестерол во крвта, а со тоа и превенира болести на срцето. Октоподот е богат извор на железо, па се препорачува при појава на анемија поради недостаток на железо.

Калориски сиромашен, октоподот е совршен за секој кој внимава на својата става. Богат со протеини, се препорачува на сите оние што спортуваат.

За некои е деликатес, за некои ноќна мора... Октоподот е навистина деликатесно јадење а вкусот во најголем дел зависи од начинот на припрема. Под сач, на скара или салата, никој не може да остане рамнодушен кон овие вкусови.

Врвните кулинари препорачуваат при припрема на јадења од октопод да се користи брзо замрзнат октопод.

Комерцијално пакување: 2-3 кг. парче во пластична тацна