Назад кон замрзната риба
Пастрмка (калифорниска пастрмка)
Латински назив: Oncorhynchus mykiss

Пастрмката е здрав и хранлив продукт, кој зазема важно место во урамнотежената и правилната исхрана. Богата е со протеини, кои се потребни за нормален раст и развој, таа е одличен извор на фосфор, селен, а истовремено содржи повеќе од 10% од дневно препорачаното количество железо. Оваа риба има високо квалитетно месо богато со омега 3 масти.

Пастрмката не е само вкусна и здрава, таа е одличен и докажан сојузник во борбата со лошото расположение. Содржи витамин Б (Б1, Б12 и Б6), кој е најдобар природен антидепресив.

Пастрмката е нискокалорична, енергетската вредност на пастрмката е само 88 kcal на 100 гр. и содржи мали количини на натриум (40 мг. во 100 гр.) што придонесува за превенција од кардиоваскуларни тегоби. Според содржината на протеини, таа е една од најдобрите (17,5 гр. на 100 гр. риба)

Се препорачува на дијабетичари и лицата со висок крвен притисок.

Комерцијално пакување: чистена, во вакум кеса, тежина околу 1 кг.
Рефус : чистена, во картонска кутија, околу 5 кг., секое парче засебно