Назад кон морски плодови
Лигња (патагоника)
Латински назив: Loligo gahi (Doryteuthis Gahi)

Лигњата е предатор кој за лов ги користи своите 10 краци. Краците ги исфрла со огромна брзина, а пипалата овозможуваат со сигурност да го зграби својот плен и да го принесе до својот остар клун. Благодарејќи на својот “млазен“ погон, кој се споредува со современите ракети, има извонредни маневарски движења и ориентација во простор.

Содржат бакар, кој е особено важен за метаболизмот на железото и формирање на црвените крвни зрнца. Високото ниво на витамин Б2 можат да ги ублажат мигренозните болки, а фосфорот помага на калциумот при градба на коските и забите. Нискокалорични, лигњите се особено важен извор на белковини, кои споредени со белковините кај месото се многу полесни за дигестија.

Лигњите се вистинска делиција, пржени, на скара, полнети, во рижото...

Комерцијално пакување: чистена, 400 гр. во пластична тацна

Рефус:
чистена, 2 кг. блок
нечистена, 10 кг. блок