Назад кон морски плодови
Шкампи (кралски шкампи)
Латински назив: Nephrops norvegicus

Шкампите од секогаш се сметаат за деликатес, особено се ценети големите, кралски шкампи, кои можат да достигнат големина до 30 см. Благодарејќи на современите технологии на брзо замрзнување, можеме да ги најдеме во комерцијално пакување, без промени во вкусот и нутритивните вредности.

Сем што се извонредно вкусни, шкампите се богати со хранливи материи, и не содржат многу калории. Богати се со омега 3 масни киселини, витамини Б, минерали, и астаксантин, кој е моќен антиоксиданс.

Важно е да се напомене корисноста на шкампите за кардиоваскуларниот систем, бидејќи содржат макронутриенти и витамини кои го хранат срцевиот мускул. Јодот, кој го има во изобилство во шкампите е неопходен за синтеза на хормоните на тироидната жлезда.
Шкампите се многу корисни за мажите, бидејќи содржат голема количина на цинк, што директно влијае на репродуктивната функција. Се подобрува создавањето на семенска течност и осигурува нормално функционирање на простатата.

кампите се сестрана намирница од која се приготвуваат најразновидни јадења – од супи до салати, рижото, на скара, бузара...

Комерцијално пакување: 1 гр. во пластична тацна