Назад кон замрзната риба
Скуша
Латински назив: Scomber Scombrus

Скушата спаѓа во групата на плава морска риба (туна, лосос, сардина, папалина...). Содржи висок процент на омега 3 масни киселини, дури 2 пати повеќе од лососот и поради тоа е одлична за регулирање на крвниот притисок. Богата е и со селен, кој заедно со протеините создава антиоксиданси и го зајакнува имунолошкиот систем. Особено се препорачува за трудници, поради содржината на фосфор и магнезиум.

Скушата е одличен извор на ниацин, добар извор на тиамин, пантонска киселина и колин. Калциумот и витаминот Д кои се наоѓаат во скушата се од голема важност за зајакнување на коските. Бета каротинот и витаминот Е можат да помогнат во спречување на оксидативните оштетувања на клетките, што е причина за појава на рак.

Скушата важи за врвна плава морска риба, со извонреден вкус, особено приготвена на скара.

Рефус : див улов, замрзнат на море, засебно секое парче, во картонска кутија околу 22 кг.,