Назад кон замрзната риба
Туна филети премиум
Латински назив: Thunnus albacares

Туната е плава морска риба (лосос, сардина, папалина...).
Месото од туна е многу вкусно и со висок нутритивен квалитет. Туната изобилува со протеини (24 гр. На 100 гр. месо), минерали (особено треба да се истакне селенот со неверојатни 223% RDA), витамини (одличен извор на витамин Д – 23% RDA).
Сем во превенција на разни болести, туната е омилен оброк на спортистите и на сите лица со зголемена физичка активност, како и оние кои преферираат здрава исхрана.

Благодарејќи на најновите технологии на пакување, може да се набават замрзнати филети од туна, без да се нарушат нутритивните предности и вкусот. Најчесто се консумираат филети од туна кратко печени на скара или во тава со неколку капки маслиново масло, и секако карпачо од туна.

Комерцијално пакување: во вакум кеси, 170 – 220 гр.