Лигњата е предатор кој за лов ги користи своите 10 краци. Краците ги исфрла со огромна брзина, а пипалата овозможуваат со сигурност да го зграби својот плен и да го принесе до својот остар клун. Благодарејќи на својот “млазен“ погон, кој се споредува со моќта на современите ракети, има извонредни маневарски движења и ориентација во простор.
Содржи бакар, кој е особено важен за метаболизмот на железото и формирање на црвените крвни зрнца. Високото ниво на витамин Б2 може да ги ублажи мигренозните болки, а фосфорот помага на калциумот при градба на коските и забите. Нискокалорични, лигњите се особено важен извор на белковини, кои споредени со оние кај месото се многу полесни за дигестија. Распространети се низ сите мориња и океани, ги има повеќе врсти – патагониски, новозеландски, индиски….
Лигњите се вистинска делиција, пржени, на скара, полнети, во рижото…..
Комерцијално пакување: чистена, 700 гр. во кеса
Рефус: чистена и нечистена, во пакување од 1, 2 и 10 кг. блок