Ракчињата (гамгори, козици…) се распространети на источната обала на Атлантскиот океан, од Исланд и Норвешка на север, до Португалија и Мароко на југ. Ги има и во Средоземно море. Живеат на длабочина од 200 до 800 метри.

Месото на гамборите е извонредно вкусно, и заедно со школките се најзастапени морски плодови на нашата трпеза.

Гамборите содржат цинк, селен, многу малку маснотии и калории, и високо ниво на витамин Б12. Гамборите се еден од најдобрите прехранбени извори на јод, кој има клучна улога во одржување на нормална функција за тироидната жлезда, како и развојот на мозокот кај фетусот. Покрај ова гамборите се одличен извор на омега 3 масни киселини и антиоксиданти.

Составен дел од врвните кулинарски рецепти на медитеранската кујна – рижото, бузара, саганаки, таљатели…. Едноставни за припрема, со одличен вкус.

Комерцијално пакување: 20/40 во кеса од 0,5 кг.
                                                    40/60 во кеса од 0,5 кг.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *