Иако се сиромашни со масти, школките се извор на драгоцени омега-3 масни киселини, кои имаат благотворно дејство врз здравјето на срцето и крвните садови. Рибите, школките и останатите морски плодови се единствен извор на омега-3 масни киселини во EPA и DHA облик. Овие масни киселини имаат позитивно влијание врз когнитивните функции, како и заштита од хронични воспаленија на белите дробови и канцерогени болести. Дополнително школките се одличен извор на витамин B12, кој е важен за нормално функционирање на нервниот систем и црвените крвни зрнца. Школките се добар извор на железо, 85 грама школки содржат 6 мг железо, што е 60% од препорачаната дневна доза. Воедно се извор на магнезиум, калиум, витамин C.

Деликатес во Медитеранската кујна: на бела бузара, саганаки, со тестенина, рижото…..

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *