Лососот е една од најпопуларните и најздравите риби во светот, познат по своето карактеристично розево-црвено месо, богат вкус и исклучителни хранливи вредности. Тој припаѓа на фамилијата пастрмки и живее во слатки и солени води ширум северната полутопка. Изобилува со омега-3 масни киселини, здрави масти кои го штитат срцето, ги намалуваат воспаленијата и ја подобруваат функцијата на мозокот.
Претставува одличен извор на квалитетни протеини кои се лесни за дигестија и помагаат во градењето мускулна маса. Богат со витамини и минерали – содржи високи концентрации на витамин Д, витамини од Б-комплексот (особено Б12), селен и калиум. Ниската содржина на јаглени хидрати го прави идеален за кето и протеински диети
Комерцијално пакување: кеса од 500 гр.

