Она што рибата ја прави посебна и корисна во нашата исхрана е нискиот процент на калории кои ги содржи нивното месо и високата количина и разновидност на многу корисни материи за организмот на човекот. Некои од поважните елементи кои ги содржи рибата се бакар, белковини, витамини, Б комплекс, калиум, калциум, јод, железо, натриум, незаситени масни киселини, селен, цинк и висок процент на протеин.
Докажано е дека со редовна консумација на риба се намалува ризикот од појава на некои заболувања како што се инфаркт, анемија, депресија, остеопороза, зголемен крвен притисок, а го успорува стареењето.
Неодамнешните истражувања покажуваат дека внесувањето на риба само еднаш неделно помага да се зачува сивата маса на мозокот, која е одговорна за меморијата и вродените функции, а со тоа се намалува ризикот од добивање на Алцхајмерова болест. Редовната употреба на риби во исхраната несомнено го продолжува животот и го подобрува неговиот квалитетот.