Рецепти

Почетна  
/ Рецепти

ЗАМРЗНАТА РИБА

Потребни состојки за 4 лица

  • Туна филети (170-220 грама по лице)
  • 1 dl маслиново масло
  • 2-3 главици лук, крупно сецкан
  • Лист од ловор
  • Рузмарин
  • Сок од 1 лимон
  • Крупно мелен бибер


Маринирање

Во длабок сад ставете ги филетите од туна да се маринираат заедно со сите состојки, најмалку 1-2 часа. Најдобро е да се остави да се маринира преку ноќ.


Печење

Пред филетите да ги ставите на скарата, отстранете го целиот лук и рузмарин од филето, бидејќи може при печењето да даде горчлив вкус. Печете ги на скарата по 3-4 минути од секоја страна, повремено преливајте ги со маслото од маринадата.

 

Доколку ги подготвувате на грил тава, печете ги на средна температура, со маслиново масло од маринадата.

Потребни состојки за 4 лица

  • Туна филети (170-220 грама по лице)
  • ½ dl маслиново масло
  • 2 главици лук
  • ½ главица црвен кромид
  • 1 супена лажица бел вински оцет
  • 150 грама домати од конзерва (пелати)
  • 2 супени лажици прошек (или десертно слатко вино)
  • Половина китка магдонос
  • 2-3 лажици капари
  • Малку лута пиперка (чили)


Подготовка

Филетите туна кратко запечете ги на тава во малку маслиново масло, на висока температура. Тргнете ги настрана.
Во тава на малку маслиново масло на тивок оган пропржете го ситно насецканиот кромид, лук и луто пиперче. Кога кромидот ќе се застакли, додајте го оцетот и прошекот (виното) и динстајте додека не испари алкохолот. Додадете ги исецканите домати(пелати) и оставете да се варат на тивок оган 5 минути.
Ставете ги филетите и додадете капари, додајте соли мелен бибер. Поклопете го садот и варете додека сосот не се згусне.
Се сервира со палента или варен компир. На крај се додава ситно сецкан магдонос.

МОРСКИ ПЛОДОВИ

Потребни состојки за 8 лица

  • • 2-2,5 кг октопод (замрзнат)
  • • 1 dcl маслиново масло
  • • 2-3 чешниња лук
  • • 3 dcl бело вино
  • • 2 лимони
  • • 20 грама бибер во зрно
  • • 1 плутена тапа за вино

 

Подготовка

Во голем длабок сад ставете го одмрзнатиот и исчистен октопод, додадете го виното, биберот, пола лимон, лук и плутената тапа. Додадете вода, така да го прекрие 1-2 сантиметри октоподот. Октоподот треба да се вари на ниска температура 1 час. По 1 час извадете го октоподот од садот и оставете да се олади на собна температура.
Октоподот премачкајте го со маслиново масло, посолете и додадете мелен бибер и ставете го директно на решетките. Печете 3-4 минути од секоја страна, додека не добие светло кафена боја. За полесно печење, може да ги одвоите краците.
Кога октоподот е испечен, полијте го со маслиново масло и сок од лимон.

BON APPETIT

Потребни состојки за 8 лица

  • 2-2,5 кг октопод (замрзнат)
  • 2 кг компир
  • 2 моркови
  • 1,5 dcl маслиново масло
  • 1 главица кромид
  • 4 чешниња лук
  • 1,5 dcl бело вино
  • Рузмарин
  • Бибер

 

Подготовка

Во голем длабок сад загреан на висока температура, ставете го одмрзнатиот и исчистен октопод, без било каква течност, поклопете го садот и варете на висока температура. Самиот октопод ќе пушти свој сок во кој ќе се вари. Во текот на варењето свртете го октоподот неколку пати. Варете се додека целата течност не испари, односно на дното на садот треба да остане талог со виолетова боја.
Компирот, морковот и кромидот исецкајте ги на подебели плочки, зачинете ги со сол, бибер и маслиново масло и наредете ги во длабок сад за печење. Октоподот ставете го над компирите, додадете рузмарин и покријте го садот со поклопец или алуминиумска фолија. Печете на температура од 150оС 1,5 часа. Повремено октоподот треба да се врти.
Во меѓувреме во садот во кој се вареше октоподот на талогот додадете малку маслиново масло, па на тивок оган кратко пропржете го лукот. Додадете го виното и магдоносот и бибер по желба. Варете додека талогот на се растопи во виното.
Кога компирот ќе омекне, извадете го садот од рерната, прелијте го октоподот со содржината од садот во кој се вареше октоподот и вратете го садот за печење во рерната.
Печете уште 10-тина минути без да го покриете садот.

BON APPETIT

СОСТОЈКИ :

  • 500 гр. (1 кеса) школки, Ланарас
  • 1 зелена пиперка, без семки, сецкана
  • 1 главица кромид, ситно исечкан
  • 1/3 китка магдонос
  • 2-3 чешниња лук, ситно исечкани
  • 200-250 г сирење фета, исечкано на коцки
  • 100 мл маслиново масло
  • 100 мл бело вино
  • 50 г сенф
  • Сок од еден лимон
  • Оригано, сол и бибер

 

ПРИГОТВУВАЊЕ:

На загреано маслиновото масло пропржете го сечканиот кромид и пиперка, 4-5 минути. Додадете ги во тавчето школките и лукот, зачините со сол, бибер и оригано и пропржете ги 2-3 минути. Потоа додадете вино и сенф и гответе на тивок оган додека сосот не се згусне. На крај додадете го сирењето исечкано на коцки и лимоновиот сок. Гответе уште една до две минути.

BON APPETIT

СОСТОЈКИ:

  • 500 гр. (1 кеса) чистени ракчиња (гамбори) Ланарас
  • 1 главица црвен кромид
  • 4-5 чешниња лук
  • 2-3 домати од конзерва
  • 1 лажичка доматно пире
  • 2 лажици презла
  • 250 мл бело вино
  • маслиново масло
  • 1/3 китка магдонос
  • 100 гр. кравјо сирење
  • сол, бибер

 

ПРИПРЕМА:

На маслиново масло се пропржуваат ситно исечканите кромид и лук, се додаваат сечканите домати од конзерва и доматно пире, вино и магдонос, сол по вкус и бибер. Се динста со покриен капак на тивок оган 10-тина минути. Се додаваат шкампите и презлата, и се динста уште 15-тина минути. 2-3 минути пред крај се додава рендано сирење. Пред послужување се посипува со магдонос.

BON APPETIT

СОСТОЈКИ:

  • 500 гр. (1 кеса) мешавина од морски плодови Ланарас
  • 200 гр. ориз, арборио
  • 1 главица кромид,
  • 2-3 чешниња лук
  • 1/3 китка магдонос
  • 150 мл бело вино
  • маслиново масло
  • 1 зеленчукова коцка за супа
  • сол и бибер

 

ПРИПРЕМА:

Во 600 мл. вода сварете ја коцката за супа. Во тавче на маслиново масло пржете го ситно исечканиот кромид и лук додека не се застакли. Додајте го оризот и пропржете уште 3-4 минути. Постојано мешајќи, додавајте постепено од бујонот (приготвената коцка за супа). Продолжете да мешате се додека оризот не биде сварен al dente (да не се распаѓа). Додадете го виното и гответе уште 5 минути на средна температура. Зачинете со сол и бибер по желба.

Во меѓувреме во друго тавче пропржете ги морските плодови на тивок оган 5-7 минути и додадете ги во оризот. Тргнете ја посудата од оган, покријте ја си капак и оставете да се „одмори“ 10-тина минути.

BON APPETIT

ПЕЧЕНИ ПОЛНЕТИ ЛИГЊИ

СОСТОЈКИ:

  • 1 пакување лигња Ланарас 700 гр.
  • 1 зелена пиперка исечкана на ленти
  • 1 црвена пиперка исечкана на ленти
  • 1 домат исечкан на ленти
  • Фета исечена на стапчиња од 1см. дебелина
  • Мајкина душица или оригано
  • Сол и бибер

 

ПРИГОТВУВАЊЕ:

Одмрзнете ги и измијте ги лигњите. Состојките за полнење маринирајте ги со мајкина душица или оригано, бибер и маслиново масло. Лигњите одвнатре лесно зачинете ги со сол, но не премногу бидејќи фетата е солена. Наполнете ги тубите од лигња со 2 ленти зелен пипер, 2 ленти црвен пипер, 1 лента домат, 1 лента фета. Фиксирајте ги пипалата на отворениот крај на лигњите со чепкалки. Печете ги во загреана рерна на 200 о С или на скара 15-20 минути. Посипете со прелив од лимон и маслиново масло.

BON APPETIT