Сината ајкула (позната и како модруљ) е вид на ајкула која живее во длабоките води на сите светски океани. Таа е вистински морски номад, позната по својата издолжена форма, темно-сината боја на грбот, брзината и долгите миграции. Месото од сина ајкула е исклучително хранливо, богато со чисти протеини и со многу низок удел на масти. Одличен извор на витамин Б12 (за нервниот систем), селен (силен антиоксиданс кој го штити имунитетот), фосфор кој е важен за здравјето на коските и забите и калиум кој помага во регулација на крвниот притисок.
Комерцијално пакување: кесичка од 800 гр.

