Ослич хек, заедно со орада, бранцин, зубатац и др., спаѓа во групата на бела морска риба. Распространет е во југозападен Атлантски океан, покрај обалата на Аргентина и Уругвај.
Осличот има најниски калориски вредности од сите бели морски риби, и е важен извор на белковини, кои споредени со белковините во месото многу полесно се варат (поради малата содржина на колаген) и аминокиселинскиот состав. Ослич хек е важен извор на фосфор (30% од RDA по оброк) како и други минерали и витамини: калиум, калциум, витамин Б.
Ослич хек, како и сите бели риби има нежна структура и благ вкус, и е многу лесен за дигестија. Затоа се препорачува во голем број на диети и кај посебен режим на исхрана.
Комерцијално пакување: див улов, замрзнат на море, без глава, утроба и опаш, во кеса, тежина околу 1 кг.
Рефус : див улов, замрзнат на море, без глава, утроба и опаш, во картонска кутија од 13 до 22 кг., секое парче засебно (IQF) или интерламинат